Top Sport

Загреб прими гол од центар, Нант и Лазаров славеа (видео)

Ракометарите на ППД Загреб ниту во осмото коло на Лигата на шампионите не успеаја да стигнат до првата победа, откако на гостувањето кај Нант во драматичен финиш загубија со 28:27 од тимот на македонскиот капитен Кирил Лазаров.

Откако хрватскиот тим не успеа да ги искористи своите шанси, Никола Клер на 30 секунди пред крајот погоди за 27:26 предност на Французите. Марио Вуглач постигна гол на 15 секунди пред крајот за израмнување, пред Нант да го постигне победничкиот. Кире Лазаров, кој голем дел од својата кариера играше токму во Загреб, беше најефикасен кај Нант со пет гола.

Scroll to Top