Top Sport

Заврши ЕП за Домагој Дувњак

Домагој Дувњак, капитенот на ракометната репрезентација на Хрватска, го заврши настапот на Европското првенство, потврдија од Ракометниот сојуз на Хрватска.

Дувњак се повреди во петокот на натпреварот против Србија, кој неговиот тим убедливо го доби 32:22. Лидерот на хрватскиот тим го повреди листот на ногата во финишот на натпреварот, кога победникот веќе беше решен.

Средниот бек на Кил лошо застана на десната нога и ги скинал мускулните влакна во листот.

Дувњак неодамна, побргу од прогнозите, се врати на теренот по операцијата, а самиот инсистираше да игра на ЕП.

Дувњак му се придружи на својот соиграч од Кил Марко Вујин за кого исто така ова ЕП заврши.

Хрватска утре во второто коло ќе игра против Исланд, а во третото коло, во вторник, ќе игра против Шведска.

Scroll to Top