Рускиот десен бек на Мешков Брест, Константин Игропуло (32), поради повреда на коленото ја заврши сезоната.

Поранешниот бек на Барселона, Чеховски Медведи, Фуксе Берлин и Копенхаген според првичните прогнози ќе паузира помеѓу седум и осум месеци.

Се уште не е познато на кој начин Игропуло ќе ја третира повредата и дали ќе се реши да замине на операција.

Белорускиот шампион денес ги продолжува натпреварите во Лигата на шампионите. Мешков Брест во рамките на 11.коло во Б групата ќе го пречека Олборг.