Top Sport

ЖРК Вардар лесно против Будуќност

ЖРК Вардар стигна до уште една победа во ВРХЛ лига, совледувајќи го Будуќност со 31:24 за да останат непоразени во регионалната лига, која оваа сезона се игра на посебни турнири, и во јануари Скопје е домаќин на мини-турнирот.

Додека трае ракометната еуфорија по настапот на македонската репрезентација, „црвено-црните“ дами продолжија со апсолутната доминација како што ја завршија 2017 (без пораз во Лигата на шампионите и во ВРХЛ).

Против црногорскиот тим, Вардар имаше предност од 8 голови по првото полувреме за да комплетира уште една победа.  Андреа Пенезиќ постигна 8 гола, седум пати уфрли Александра Лакрабер, а Јованка Радичевиќ имаше шест гола.

Утре на програмата во СРЦ „Јане Сандански“ е мечот меѓу Крим и Будуќност, а во недела Вардар игра со Крим. Мечевите стартуваат од 17 часот.

Scroll to Top