Top Sport

ЖРК Вардар рутински со Мец

Ракометарките на Вардар со убедлива победа ја стартуваа втората фаза во Лигата на шампионите. Вечерва во „Јане Сандански“ Вардарки славеа над Мец 29:22 (15:9).

Актуелните вицешампионки на Европа издоминираа во текот на целиот меч против најсериозниот ривал во групата. Мец беше конкурентен само во првата половина од првиот дел (2:2), потоа Вардар со серија 5:1 се одлепи на 7:3, а добрата игра ја финишираше со нова серија 4:0 во завршницата од првиот дел која му донесе комотна предност 15:9.

Иако Мец успеа во првите 12 минути од вториот дел да ја преполови негативата од првиот дел (19:16), „црвено-црните“ лесно го одбија тој напад, а во 48.минита ја достигнаа нависоката предност на натпреварот (24:18).

Драгана Цвијиќ со седум и Андреа Пенезиќ со шест гола го предводеа Вардар до првата победа во фтората фаза.

Scroll to Top