Top Sport

Федерер: Подготвен сум за пензија од 2009 година

Роџер Федерер изјавил дека со освојувањето на титулата во Вимблдон во 2003 година ги остварил сите свои желби и дека за пензија е подготвен уште од 2009 година кога славеше на Ролан Гарос.

Федерер пропушти најголем дел од минатата сезона поради повреда на коленото, кое го повреди на Аустралија опен во полуфиналето против Новак Ѓоковиќ.

„Моментот кога заминав на операција на повреденото колено ми беше застрашувачки бидејќи никогаш претходно не сум бил на операција. Кога се разбудив по интервенцијата не знаев дали некогаш повторно ќе играм. Идејата дека можам да ја завршам кариерата ми изгледаше в ред. Можеби бев подготвен да заминам кога во 2003 го освоив Вимблдон. Знам дека чудно звучи, но со таа титула јас го остварив животниот сон. Кога го освоив Ролан Гарос во 2009 година сфатив дека сум подготвен да се пензионирам во кој било момент“, рекол Федерер.

Сепак, по операцијата на коленото Швајцарецот игра неверојатна сезона, со оглед на тоа дека има 26 години. Федерер освои две гренд-слем титули, на Аустралијан опен и Вимблдон.

Scroll to Top