Top Sport

Хамилтон најбрз во Јапонија, нова катастрофа за Фетел

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на Јапонското ГП во Сузука за да дојде на чекор до светската титула во Формула 1, откако неговиот главен ривал, Себастијан Фетел во Ферари имаше механички проблеми и не ја заврши трката.

Хамилтон  беше двојката на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикијардо, кои покажаа дека австрискиот тим е се подобар како што се движи сезоната.

Со оваа победа, Хамилтон сега има 59 поени предност пред Фетел, на само четири трки до крајот на сезоната, во кои можат да се освојат максимални 100 поени.

До 61. победа во кариерата и осма оваа сезона, Хамилтон дојде од пол-позицијата, додека веднаш стана јасно дека со болидот на Фетел нешто не е во ред, откако механичарите на Скудерија работеа на болидот.

По кратката пауза поради безбедносното возило, Фетел падна на осмото место, пред од Ферари да го повлечат во четвртиот круг од трката. Хамилтон во тој момент имаше предност од 1.3 секунди пред Ферстапен, предност која до 15-тиот круг се искачи на 4.1 секунди.

Пред првото влегување во боксот, Ботас успеа да го задржи Ферстапен зад него и да му дозволи на Хамилтон да направи предност од речиси 4 секунди. Холанѓанецот потоа ја намалуваше предноста, но не можеше да го стигне Британецот.

Ботас го освои четвртото место, пред Кими Раиконен во Ферари, двата болиди на Форс Индија, Естебан Окон и Серхио Перез, додека Кевин Магнусен беше осми пред Фелипе Маса, Роман Грожан и Нико Хулкенберг.

ЈАПОНСКО ГП

1.Луис Хамилтон (Мерцедес), 2.Макс Ферстапен (Ред Бул), 3.Даниел Рикијардо (Ред Бул), 4.Валтери Ботас (Мерцедес), 5.Кими Раиконен (Ферари), 6.Естебан Окон (Форс Индија), 7.Серхио Перез (Форс Индија), 8.Кевин Магнусен (Хас), 9.Роман Грожан (Хас), 10.Фелипе Маса (Вилијамс), 11.Фернандо Алонсо (Мекларен), 12.Џолион Палмер (Рено), 13.Пјер Гасли (Рено), 14.Штофел Фандорне (Мекларен), 15.Паскал Верлајн (Заубер). НЕ ЗАВРШИЈА:  Ленс Строл (Вилијамс), Нико Хулкенберг (Заубер), Себастијан Фетел (Ферари), Карлос Саинц (Торо Росо).

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ: 1.Луис Хамилтон (Мерцедес) 306, 2.Себастијан Фетел (Ферари) 247, 3.Валтери Ботас (Мерцедес) 234, 4.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 192, 5.Кими Раиконен (Ферари) 148, 6.Макс Ферстапен (Ред Бул) 111, 7.Серхио Перез (Форс Индија) 82, 8.Естебан Окон (Форс Индија) 65, 9.Карлос Саинц (Торо Росо) 48, 10.Нико Хулкенберг (Рено) 34….

КОНСТРУКТОРИ:  1.Мерцедес 540, 2.Ферари 395, 3.Ред Бул 303, 4.Форс Индија 147, 5.Вилијамс 66, 6.Торо Росо 52, 7.Хас 43, 8.Рено 42, 9.Мекларен 23, 10.Заубер 5.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top