Top Sport

Сити со седум гола против Стоук, Палас го „урна“ Челси

Победникот во мечот беше решен уште во првото полувреме, кога од 17-тата до 27-тата минута, домаќините стигнаа до 3:0 водство со головите на Жезус, Стерлинг и Силва. Стоук успеа да врати преку Диуф во финишот на полувремето, а во 54. минута, со автоголот на Вокер, разликата падна на само еден гол (3:2).

Меѓутоа гол-машината на тимот на Пеп Гвардиола проработе повторно – Габриел Жесус, Фернандињо и Лирој Сане во седум минути постигнаа уште три гола во импресивно шоу на напаѓачки фудбал, пред Силва да додаде уште еден гол во мрежата на гостите.

Ако победата на Сити беше очекувана, сосема неочекувано беше најслабиот тим во Премиерлигата, Кристал Палас да има било какви шанси против Челси. Меѓутоа, со поранешниот селектор Рој Хоџсон на клупата, Палас стигна до неверојатна 2:1 победа над „сините“, откако постигнаа гол по над 640 минути игра. Азпиликуета си постигна автогол во 11. минута за да ја најави сензацијата, но Бакајоко само седум минути подоцна израмни. Човек на одлука беше Вилфрид Заха кој донесе неверојатни први три поени за Палас.

Со овој пораз уште повеќе се зголемува притисокот на менаџерот на „сините“, Антонио Конте, бидејќи по само осум натпревари Челси заостанува 9 поени зад Сити.

ПРЕМИЕРЛИГА, 8.КОЛО

Барнли – Вест Хем 1:1

Кристал Палас – Челси 2:1

Манчестер сити – Стоук 7:2

Свонси – Хадерсфилд 2:0

Тотенхем – Бурнмаут 1:0

Scroll to Top