Top Sport

И без титули, Ферари привлече 2.1 милијарди долари последните 10 години

И покрај тоа што помина повеќе од една деценија од крајот на златната ера на Ферари, период во кој освоија 8 титули кај конструкторите и 6 кај возачите, финансиите на италијанскиот тим не страдаат.

Од последнат титула на тимот, освоена од Кими Раиконен, Ферари шест пати беше на второто место и трипати на третото, не успевајќи да ја скршат доминацијата прво на Ред бул, а потоа и на Мерцедес.

Финансиите пак, се друга работа. Различните бонуси значат дека тимот ќе добие 100 милиони долари и пред стартот на сезоната 2019 и сигурно ќе си заминат со повеќе пари од Ф1 од шампионите.

Спонзорството исто така им „цвета“ – собирајќи 2.1 милијарди долари во последните 10 години. Најголемиот успех Ферари го имаше во 2010 година, кога според магазинот „Форбс“ собраа 249.5 милиони долари, најголема годишна сума во историјата на Ф1. Тогаш, Сантандер им дадоа 50 милиони долари годишно, а Филип Морис додадоа 100 милиони долари и покрај забраната за рекламирање на тутун.

Според „Форбс“ од 2009 до 2018 година, Ферари собрале 2.1 милијарди долари, со што се први на листата пред Мекларен со 1.2 милијарди долари. По нив следуваат – Ред бул (972.6 милиони долари), Мерцедес (944.9 милиони долари), Рено/Лотус (777 милиони долари), Вилијамс (701.3 милиони долари), Заубер/БМВ (459.5 милиони долари), Форс Индија/Рејсинг поинт (355.8 милиони долари), Торо росо (278 милиони долари) и Хас (92.6 милиони долари).

Scroll to Top