Top Sport

Кубица пред заминување од Вилијамс

Роберт Кубица вели дека е можно да смени тим во Формула 1, откако посочи дека Вилијамс не му даваат идентична машина како на неговиот клупски колега Џорџ Расел, велејќи дека се работи за „два различни света“.

34-годишниот Полјак се врати во Ф1 оваа сезона со Вилијамс, тимот кој има ужасен старт на сезоната и е закован на последното место. Неговиот главен спонзор, полската нафтна компанија „ПКН Орлен“ објави дека постојат можности за трансфер, а сега во изјава за полските медиуми, самиот Кубица вели дека е можно да најде нов тим.

„Што ќе се случи следната година не зависи само од мене. Ќе видам какви опции постојат и што сакам да правам. Треба да направам некои компромиси ако не е можно да е извлече посакуваниот резултат. Не се каам што се вратив во Формула 1, го живеев својот живот, некои работи ги направив подобри, некои полоши, но тоа е тоа“, вели Кубица.

Scroll to Top