Top Sport

Мерцедес победи на првите осум трки, во Ферари велат: Сега сме поблиску!

И покрај тоа што Луис Хамилтон стигна до својата шеста победа оваа сезона, а преостанатите две отидоа кај неговиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас, шефот на Ферари, Матија Биното вели дека Скудерија ја намалила разликата која ја има „сребрената стрела“, откако Шарл Леклер беше блиску до Ботас на третото место.

Ботас едвај го заддржа второто место, откако Леклер надополни неколку секунди во последните кругови, покажувајќи дека новите подобрувања – новиот под, предното и задното крило и новите сопирачки функционираат.

„Подобрувањата кои ги правиме по Шпанското ГП ни дозволија да ја намалиме разликата и покажавме дека сме на вистински пат. Дел од подобрувањата се покажаа посебно корисни, други за жал не, но знаеме дека имаме потенцијал да го направиме болидот побрз. Сакаме да бидеме конкурентни на сите патеки“, вели Биното.

Трката на Пол Рикар дојде откако на Шпанското ГП, на патека со слични карактеристики Ферари беше поспор и од Ред бул.

Scroll to Top