Top Sport

Рикардо доби две казни „лудачкиот“ потег но им порача на ривалите: Да ги е.ам сите! (видео)

Возачот на Рено, Даниел Рикардо ја објасни својата страна на приказната за „лудачкиот“ потег во последниот круг на Француското ГП на патеката Пол Рикар, откако го „истера“ Лендо Норис во Мекларен од патеката и предизвика тој да загуби три места.

Тој беше во борба за позиција со Роман Грожан на истата шикана, кога излезе од патеката пред да се врати и да го натера Норис да закочи и да падне на 10. место. Стјуардите уште немаат донесено одлука за инцидентот, но Рикардо сакаше да сврти на шега.

„Грожан? Што е.ено правеше тој? Не знаев дека се тркам со него. Што мислам за последниот круг? Да ги е.ам сите, како звучи тоа“, изјави Рикардо со голема насмевка на лицето.

Потоа, тој се обиде да биде посериозен.

„Секогаш кога сопирам доцна и се обидувам да претекнам некого, се мачам да го придвижам болидот. Но, ако не се обидам, тогаш треба да седам цела трка зад некого. Понекогаш е на границата. Се обидувам да не бидам валкан возач“, вели Рикардо.

Стјуардите му дадоа две казни од по 5 секунди на Рикардо за претекнувањата на Норис и Кими Раиконен, што значи дека тој испаѓа од поени на 11. место, додека Пјер Гасли во Ред бул го освојува 10. место. Норис е 9.

Scroll to Top