Top Sport

Жиру не се откажува: Дедото уште не е умрен

Оливие Жиру со изјава дека „дедото уште не е мртов“ посочи дека не планира да се откаже од француската репрезентација во блиска иднина.

34-годишниот ветеран беше именуван во тимот на Дидие Дешам за ЕУРО 2020 и покрај тоа што имаше мала минутажа со Челси во 2020/21, а исто така немаше многу минути и за Франција по враќањето на Карим Бензема (влезе во игра при 1:1 ремито со Унгарија), но тоа не значи дека е подготвен за репрезентативна пензија.

„Не сум готов, далеку од тоа. Сметајте на мене, дедото уште не умрел! Имам речиси 35 години,но гладен сум како 20-годишник. Во француската репрезентација има огромна  конкуренција, но мислам дека имам квалитети кои ги немаат другите. Тука сум да одговорам кога сум потребен“, вели Жиру во интервју за „Ле фигаро“.

Жиру првпат беше повикан во репрезентацијата во 2011 на дури 25 години додека беше играч на Монпелје. Оттогаш тој има 107 настапи и 44 гола, со што е на второто место на вечната листа кај „триколорите“ зад Тјери Анри со 51 гол.

Scroll to Top