Top Sport

АФЦОН: Алжир на пенали подобар од БСК, ќе игра за финале против Нигерија (видео)

Алжир се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации по победата на пенали над репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, откако претходно утнаа пенал и пропуштија огромна шанса да го решат натпреварот во регуларните 90 минути.

Алжирците, кои досега беа репрезентација која покажа најмногу на шампионатот во Египет, во полуфиналето ќе игра со „Супер орлите“ од Нигерија, додека во второто полуфинале Сенегал го чека противникот од дуелот помеѓу сензационалните Мадагаскар и фаворитите од Тунис.

Алжир поведе преку убавиот гол на Софијан Фегули и имаше совршена шанса да го зголеми водството, но Багдад Бунеџах од белата точка во 48. минута ја погоди пречката. Брегот на Слонова Коска израмни преку Џонатан Коџија во 62. минута, по што имаше луди половина час со голем број на шанси за голови. Ријад Марез имаше одличен удар кој од гол-линијата го извади Мамаду Багајоко, а Вилфрид Заха имаше „златна“ шанса за БСК, но беше непрецизен.

Во пенал-серијата, обидот на Вилфрид Бони во третата серија беше одбранет од голманот Раис, но „слоновите“ добија совршена шанса да се вратат откако Белаили го утна својот обид во петтата серија. Меѓутоа, во следниот обид, Сереј Дие исто така утна, праќајќи ги Алжир во полуфиналето.

Scroll to Top