Top Sport

АФЦОН: Вилфрид Заха ги крена БСК до победа над Мали (видео)

Напаѓачот на Кристал палас, Вилфрид Заха го постигна единствениот гол на мечот за Брегот на Слоновата Коска со 1:0 да го победи Мали и да се пласира во четврт-финалето на Африканскиот куп на нации.

Мали имаше точно двапати повеќе удари на голот од БСК (14-7), но имаа слаба реализација, и беа казнети во 76. минута, кога по грешката на одбраната топката дојде до Заха, кој лесно го совлада Диара.

Брегот на Слоновата Коска во четврток ќе игра со Алжир во четврт-финалето, а победникот од тој меч ќе игра со подобриот од дуелот Нигерија-Јужна Африка во полуфиналето.

Scroll to Top