Top Sport

Аргентина трета на Копа Америка (Видео)

Аргентина го освои третото место на Копа Америка 2019. Аргентинците во малото финале славеа победа над Чиле 2:1. Дуелот за третото место на Коринтијанс арена беше реприза на последните две изданија на Копа Америка, на кои Чиле победуваше по изведувањето на пенали.

Последните две финалиња што ги играа овие две репрезентации само го зголемија ривалството кое постоеше помеѓу нив. Поради тоа мечот беше премногу тензичен, а „заслуги“ има и главниот судија Дијаз кој лошо го водеше мечот од самиот почеток.

Аргентинците поведоа по 12 минути игра, кога Меси веднаш изведе слободен удар го пронајде Агуеро кој лесно погоди за 1:0. Десет минути подоцна по додавањето на Ло Селсо, Дибала убаво ја прими топката и уште подобро ја заврши акцијата за 2:0.

Во 36 минута Меси намерно го удри противничкиот капитен Медел, започна туркање помеѓу нов двајца кое можеше да прерасне и во тепачка. Дијаз на двајцата им покажа црвени картони.

Во 59 минута Чиле израмни од пенал преку Артуро Видал. Пеналот Дојаз го досуди откако ја прегледа снимката.

До карајот на мечот Чиле не успеа да создаде некоја сериозна шанса и мечот заврши 2.1 за Аргентина.

Финалето на Копа Америка, Бразил-Перу, се игра утре од 22 часот.

Scroll to Top