Top Sport

Арсенал го испрати Илиев на позајмица

Дејан Илиев наредната сезона ќе ја мине на позајмица во Словачка, во екипата на Серед. 24 годишниот голман вчера не замина со Арсенал на подготовките во САД, туку се упати кон својот нов клуб, каде треба да собира минутажа и искуство.

Арсенал соопштија дека заминувањето на позајмица во Серед во моментов е најдоброто решение за голманот и за клубот.

Според договорот што го потпишале клубовите, Арсенал има право да го врати Илиев во Лондон шест месеци пред истекот на позајмицата.

Scroll to Top