Top Sport

Арсенал ќе го купат 18-годишниот Салиба

Арсенал се многу блиску до потписот на 18-годишниот Вилијам Салиба од Сент-Етјен за 26.5 милиони фунти, објавува порталот „Гол“, со што младиот дефанзивец ќе стане второ заслување на „топчиите“.

Централниот бек ќе отпатува за Англија оваа недела да потпише долгогодишен договор со Арсенал, кои ги победија ривалите Тотенхем за потписот на младиот Французин. Салиба не би играл за Арсенал оваа сезона и би бил вратен во Сент-Етјен за уште една сезона како позајмен фудбалер.

Тимот на Унаи Емери има ограничен буџет за трошење ова лето и потписот со Салиба покажува колку го ценат младиот фудбалер бидејќи тој нема да им биде достапен до следната сезона.

Scroll to Top