Top Sport

Баерн за 250 милиони евра ќе го реновира тимот

Челниците на најтрофејниот германски тим, Баерн од Минхен, подготвуваа голема реконструкција на тимот во летниот преоден рок. Главна цел е екипата која долго време игра заедно, да биде целосно подмладена.

Весникот „Билд“, пишува дека во Минхен ќе вложат 250 милиони евра во реконструкцијата на тимот и ги открива имињата на играчите кој Баерн ќе се обиде да ги донесе.

Баварците биле подготвени да му платат на Ајакс 50 милиони евра за 21-годишниот Френки Де Јонг и две години помладиот Матијас Де Лихт.

Покрај нив во Баерн се сериозно заинтересирани за десниот бек на Штутгарт, Бенжаман Павар. За светскиот првак со Франција, Баерн би издвоиле 35 милиони евра.

И за крај, во нападот како засилувања се планирани Хрватот Анте Ребиќ и Србинот Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфур.

Scroll to Top