Top Sport

Барела – најскапо засилување во историјата на Интер

Интер успешно ги заврши преговорите со Калјари околу трансферот на талентираниот играч, Николо Барела. Играчот кого го споредуваат со Андреа Пирло, од наредната сезона ќе го облече дресот на Интер.

Од трансферот на Барела, Калјари ќе заработат 45 милиони евра. Италијаните објавија дека овој и трансферот на Кристијан Виери во 1999 година се најголемите во историјата на Интер.

Како што пишува „Газета дело Спорт“, Масимо Морати во 1999 година за Виери платил 90 милијарди лири, што е блиску до денешните 45 милиони евра, иако е тешко да се споредат вредноста на еврото и лирата.

Scroll to Top