Top Sport

Барселона пукнаа „петарда“ во мрежата на Валенсија (Видео)

Фудбалерите на Барселона се мачат во гости, но растураат дома во новата сезона во Ла Лига. Во последниот меч од саботната програма Барселона ја декласира Валенсија со 5-2.

Барселона со убедливата победа им се одмазди на „лилјаците“ за поразот во финалето на Купот минатата сезона.

Во лош момент Валенсија пристигна на „Ноу Камп“. Ненадејната смена на тренерот Марселино се почувствува од самиот почеток на натпреварот.

Блесна тинејџерот Ансу Фати во првите шест минути, најпрвин постигна гол, а потоа му асистираше на Де Јонг за 2-0.

До крајот на првиот дел Кевин Гамерио успеа да го намали резултатот.

Во раната фаза на второто полувреме меѓу стрелците се запиша и Пике. Тој најдобро ја испрати акцијата на Гризман, чии удар заврши во дирекот, а Пике само ја врати топката во голот.

Финишот му припадна на Луис Суарез, кој се врати во тимот по повредата. Само што влезе во игра по вториот контакт со топката Уругваецот постигна брилијантен гол, а на истекот на 90 минута уште еднаш го совлада Силесен.

Конечниот резултат го постави Макси Гомез во последните секунди од натпреварот.

Scroll to Top