Top Sport

Бензема до Де Лаурентис: Уште еден лудак на мојата листа

Дали Карим Бензема е престар со своите 30 години? Така мислеше претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, кој изјави дека Французинот е престар да биде ефективен напаѓач, исто како Анхел ди Марија, и дека нема план да ги донесат на „Сан Паоло“.

„Ди Марија и Бензема? Апсолутно не. Имам договор со тренерот Карло Анчелоти за ангажирање на млади фудбалери. Зошто би потпишал со тие двајца старци?“, изјави Де Лаурентис во петокот.

Коментарот очигледно не му „легна“ на Бензема, кој реши да се јави преку социјалните мрежи.

„Уште еден лудак на мојата листа. Бројот 9 ги полудува“, напиша Бензема, кој не планира да замине од Реал Мадрид и сака да работи со новиот тренер Хулен Лопетеги.

Нема место во Наполи за старците Ди Марија и Бензема

Scroll to Top