Top Sport

Дани Алвес – МВП и прв играч во историјата со 40 трофеи

Дани Алвес, капитенот на фудбалската репрезентација на Бразил, стана првиот играч што успеал да освои 40 трофеи во кариерата. 36 годишниот десен бек со Бразил ја освои Копа Америка 2019 и беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Бразил, синоќа на легендарната „Маракана“ во Рио де Женеиро, го победи Перу со 3.1 и ја освои деветтата Копа Америка во историјата, а прва по пауза од 12 години.

Алвес го доби МВП признанието и како капитен прв го крена трофејот што за него беше 40 во кариерата.

Најмногу трофеи, 23, Бразилецот има освоено со Барселона, шест освоил со ПСЖ, еден помалку со Севилја, четири со националниот тим и два со Јувентус.

СО Бразил Копа Америка ја освоил и во 2007 година, а два пати бил победник во Купот на Конфедерации (2009, 2013).

Алвес во кариерата има одиграно 909 натпревари, забележал 65 гола и 216 асистенции.

Scroll to Top