Top Sport

Дани Алвеш се нудел на Барса, тие кажале: не, благодарам

Дани Алвеш сонува за враќање во својот поранешен клуб Барселона ова лето, откако потврди дека заминува од Пари Сен-Жермен, меѓутоа постои само еден мал проблем – во Каталонија не се заинтересирани.

Според каталонското радио „РАЦ1“, Бразилецот уште минатиот месец им се понудил на челниците на Барселона со надеж дека ќе се врати во клубот каде што освои три титули од Лигата на шампионите, меѓутоа бидејќи тренерот Ернесто Валверде на таа позиција ги има Серхи Роберто и Нелсон Семедо.

Сепак, според радиото, главната причина за незаинтересираноста на Барселона се критиките кои ветеранот ги кажа за каталонскиот клуб кога си замина од „Ноу Камп“.

Scroll to Top