Top Sport

Ден пред почетокот на СП, Шпанија може да остане без селектор

Фудбалската јавност во Шпанија е во шок, по најавите дека националниот тим, ден пред стартот на Светското првенство во Русија, може да остане без селектор.

Челниците на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, предводени од претседателот Луис Рубијалес, се незадоволни што Реал Мадрид, во предвечерието на мундијалот, објави дека актуелниот шпански селектор Хулен Лопетеги ќе го наследи Зинедин Зидан.

Поради тоа, претседателот Рубијалес веднаш замина за Русија, а во текот на денот се очекува прес конференција, на која ќе присуствува и селекторот Лопетеги.

Она што ја шокира јавноста во Шпанија се шпекулациите дека националниот Сојуз може да му врачи отказ на селекторот.

Наводно, по објавувањето на веста дека Лопетеги ќе биде новиот тренер на Реал, била нарушена атмосферата меѓу репрезентативците.

Инаку, Шпанија првиот натпревар на СП ќе го одигра в петок против Португалија. Натпреварот во Сочи ќе започне во 20 часот.

„Кралско“ изненадување! Лопетеги е новиот тренер на Реал Мадрид

Scroll to Top