Top Sport

Дешам: Менди ќе потпише со Реал Мадрид

Францускиот селектор Дидие Дешам на прес-конференција потврди дека левиот бек на Лион, Ферлан Менди ќе потпише со Реал Мадрид ова лето. Пред мечот со Андора во вторник навечер, Дешам беше запрашан за прогресот на фудбалерот.

„Пред две години тој играше во втората лига, сега ќе биде член на Реал Мадрид. Тоа го покажува огромниот скок во перформансите“, изјави Дешам.

Околу Менди имаше доста шпекулации, и според шпанските медиуми договорот меѓу двата клуба е направен и сега се чека медицинскиот тест и договарањето на личните услови и платата.

Со неговото доаѓање во Мадрид, станува неизвесна иднината на Марсело, уште еден фудбалер околу кого имаше многу шпекулации во последно време, посебно по критиките на Зинедин Зидан.

Scroll to Top