Top Sport

Ел Шарави: Се надевам дека ќе си ја најдам среќата во Кина

Стефан Ел Шарави вели дека се надева дека ќе ја пронајде својата среќа откако се приклучи на Шангај Шенхуа, додавајќи дека бил зачуден колку клубот го посакувал.

Шенхуа ќе му плаќаат на Италијанецот 15 милиони евра годишно следните три сезони, откако тој одби да го продолжи договорот со Рома и вели дека сака да го исполни својот потенцијал во Кина.

„Се надевам дека ќе си ја најдам среќата. Зборував со неколку фудбалери кои живееле таму и тие се чувствувале добро. Се надевам дека ќе биде исто и со мене. Бирањето на Шангај Шенхуа ме натера да го сменам животот, но подготвен сум за предизвикот. Најмногу ме изненади колку клубот сакаше да ме добие. Се наоѓам во добра физичка форма и подотвен сум да им помогнам“, вели Ел Шарави во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top