Top Sport

Ериксен никој не го сака, си се врати во Тотенхем

Кристијан Ериксен ќе се приклучи на соиграчите од Тотенхем до крајот на неделата за тренинзи, иако пред месец дена изјави дека сака да си замине од клубот, бидејќи едноставно никој не сака да ја плати високата цена за него.

Ериксен по финалето на Лигата на шампионите во кое Тотенхем загуби со 2:0 од Ливерпул, изјави дека му е потребен нов предизвик откако беше поврзуван со Реал Мадрид и Јувентус, но „кралскиот клуб“ го купи Еден Азар, а Јуве не покажа голем интерес за Данецот.

Спарси не добиле официјална понуда за Ериксен, и сега тој мора да почне со подготовки, иако клубот му дозволи дополнителна пауза по настапите за Данска во европските квалификации. Тотенхем следната недела заминува на старт на азиската турнеја, каде што ќе играат со Јувентус во Сингапур во недела и со Манчестер јунајтед во Шангај четири дена подоцна.

Ситуацијата на Ериксен уште повеќе е искомпликувана со Пол Погба од Манчестер јунајтед, кој очигледно сака да замине од клубот, но не е јасно дали клубот ќе се реши да го продава.

Scroll to Top