Top Sport

Фавр го продолжи договорот со Дортмунд

И покрај тоа што ја загуби трката за титулата во Бундеслигата, Швајцарецот Лусиен Фавр доби продолжување на договорот со Борусија Дортмунд, откако „милионерите“ решија да го заддржат до крајот на сезоната 2020/21.

61-годишниот Фавр воодушевуваше со својата тактика со Борусија во нападот на титулата на Бундеслигата, во сезона во која Дортмунд водеше во првиот дел од сезоната, пред да загуби со 2 поени заостанување зад Баерн Минхен.

„Лусиен направи јасна структура и ги развиваше нашите фудбалери. Тој ги исполни очекувањата 100 отсто и логично е да планираме заедничка иднина“, изјави спортскиот директор на тимот, Михаел Цорк.

Покрај ветераните Пако Алкасер и Марко Ројс, играта на Борусија минатата сезона се потпираше на млади фудбалери како Џејдон Санчо, Јакоб Брун Ларсен, Мануел Аканџи, Ашраф Хакини и Дан-Аксел Загаду.

Scroll to Top