Top Sport

Фенербахче во јануари планираат да го „грабнат“ Озил

Според британскиот „Дејли мејл“, деновите на Месут Озил во дресот на Арсенал се одброени, откако турските гиганти Фенербахче планираат да ја искористат неизвесноста околу неговата иднина да го донесат во Истанбул веќе во јануари.

29-годишниот Озил, покрај тоа што имаше фијаско со германската репрезентација во Русија, по што се откажа од германскиот дрес со обвинувања за расизам, не успеа да се наметне ниту под новиот тренер на Арсенал, Унаи Емери. Озил потпиша нов договор со плата од 350.000 фунти на крајот на минатата сезона, но сега Фенербахче изгледаат како реална опција.

Според англиските медиуми, Озил е несреќен од одлуката на Емери да го користи него од десната страна, наместо на улогата на „десетката“.

Scroll to Top