Top Sport

Ференцварош го елиминира Лудогорец од ЛШ

Фудбалерите на Ференцварош направија изненадување и во првото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите го елиминираа бугарскиот шампион Лудогорец. Првата фаза ја минаа Дандлак, АИК од Стокхолм, Карабаг, Розенборг, Клуж и БАТЕ Борисов.

Ференцварош на чија клупа седи славниот Украинец Сергеј Ребров, во двомечот со вкупен резултат 5:3 го елиминира Лудогорец. Првиот меч заврши 2:1, а во реваншот во Бугарија Унгарците победија 3:1.

Во наредното коло Ференцварош ќе игра против Валета од Малта.

АИК во Стокхолм ја надомести негативата од 2:1 против Арарат од Ерменија. Швеѓаните во реваншот победија со 3:1 и изборија дуел со Марибор. Шампионот на Словенија без мака победија 2:0 против Валур од Исланд.

Розенборг два пати славеше против Линфилд. По 4:0 во првиот меч, Норвежаните победија 2:0 во Северна Ирска.

Розенборг во второто коло ќе игра против БАТЕ Борисов. Белорусите победија 2:1 во Полска против Пјаст. првиот меч заврши 1:1.

Клуж ја надомести негативата од 0:1 против Астана и со победата 3:1 избори два натпревари со Макаби Тел Авив.

Понатаму оди и Карабаг. Азербејџанците постигнаа два гола против Партизани од Албанија. Во наредното коло тие ќе играат против Дандлак.

Дандлак ја мина Рига дури по изведувањето на пенали. Двата натпревари завршија без голови, а дури по седум пенал-серии Дандлак победија 5:4.

Scroll to Top