Top Sport

Голот на сезоната доаѓа од Јапонија, но дали беше случаен? (видео)

Првиот гол во професионалната кариера на 22-годишниот Коике Јута од Кашима Антлерс најверојатно ќе остане неговиот најубав во кариерата, но останува нејасно дали се работеше за намерен удар на гол или само очаен обид за нафрлување.

Јута го постигна вториот гол при 2:0 победата на Кашима над Џубило Ивата, од речиси невозможна позиција откако го совлада дефанзивецот на противничкиот тим. Дел од коментаторите сметаат дека неговиот говор на телото кажува дека се работело само за случајност, но другите посочуваат дека во шестнаесетникот на Џубило немаше напаѓачи на Кашима за бекот да упати центаршут.

Како и да е, секако голот влегува во потесен избор за Пушкаш наградата за најдобар гол на сезоната.

Scroll to Top