Top Sport

Гредата го спаси Лацио од пораз римското дерби (Видео)

Лацио и Рома ремизираа на „Олимпико“ во римското дерби. Натпреварот заврши без голови, а двата тима остнаа на третото односно четвртото место на табелата со по 61 бод.

Дерби дела Капитале не ги оправда очекувањата, двата тима одиграа премногу резервирано, а најголемите возбудувања се слулија во последните пет минути од натпреварот.

Рома беше поблиску до победата бидејќи Перез во првото полувреме го погоди дирекот, а во второто Џеко гаѓаше во гредата од голот на Лацио.

Лацио, во 80.минута остана со играч помалку, откако Романецот Раду го доби вториот жолт картон. Лацијалите во 84.минута имаа голема шанса преку Марушиќ кој лошо реагираше во завршницата.

Во 90.минута Џеко на спротивната страна во интервал од 40 секунди имаше три добри шанси. Најпрвин по неговиот удар со глава Страхоша брилијантно интервенираше, потоа тој ја погоди гредата, а во третиот обид неговиот удар од 20-тина метри заврши за малку крај голот.

Scroll to Top