Top Sport

Гримзман: Меси е легенда

Антоан Гризман го одработи првиот тренинг во својот нов клуб, Барселона. Клубот на „Твитер“ објави слика, под која пишува „Француска врскa“, на која 28 годишниот напаѓач е во друштво со своите соиграчи од репрезентацијата Самуел Умтити и Усман Дембеле.

Гиризман кој минатата сезона ја одби Барселона со коментарот дека „неговиот дом е во Атлетико“, сега ја смени приказната. Во едно интервју тој му му се восхитува на главниот играч на Барселона Лионел Меси, кого го споредил со Леброн Џејмс.

„Она што ме прави среќен е што ќе играм со Меси. Тој еден ден ќе биде легенда и за мојот син и за неговите деца! Меси е она што за светската кошарка е Леброн Џејмс“, рекол Гризман.

Scroll to Top