Top Sport

Гризман не се појави на подготoвките, заврши на дициплинска

Атлетико Мадрид покренале дисциплинска постапка против Антоан Гризман бидејќи францускиот репрезентативец не се појавил на почетокот на клупските подготовки, објави ЕСПН. Гризман на 14 мај објави дека ќе го напушти Атлетико. Тој се поврзува со Барселона, но се додека не биде платена откупната клаузула од 120 милиони евра тој е играч на Атлетико.

Атлетико, односно претседателот Енрике Серезо, во петокот, изјавил дека клубот ја одбил понудата од Барселона откупната клаузула на Гризман да биде платена во неколку рати. Серезо е лут бидејќи Гризман и Барселона преговарале во периодот кога Атлетико играше против Јувентус во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Серезо рече дека Гризман и Барселона изразиле непочитување кон Атлетико и неговите навивачи.

Бидејќи се уште е играч на Атлетико и клубот ги ги подмирува обврските што ги има кон него, Гризман доби парична казна. Се работи за сума од 200.000 евра.

ЕСПН наведува дека овој потег на раководството на Атлетико не е оправдан бидејќи фудбалерот има право на 30 дневен одмор во текот на летото, а тој последниот натпревар го одиграл на 11 јуни, кога настапил за Франција.

Сгата околу Гризман би требало да заврши во наредните денови, најдоцна утре, барем така тврдат медиумите. Според шпекулациите Гризман самиот ќе си ја плати откупната клаузула и најдоцна до петок ќе стане играч на Барселона.

Претседателот на Атлетико: Гризман е човек со проблеми и кукавица

Scroll to Top