Top Sport

Хамес признава: Не знам каде ќе играм следната сезона

Хамес Родригез признава дека уште не знае каде ќе игра следната сезона, но додава дека Наполи прават многу да го донесат на позајмица од Реал Мадрид.

Колумбиецот последните две години беше позајмен фудбалер во Баерн Минхен, но германскиот шампион реши да не ја искористи опцијата за постојан договор, со што практично тој е фудбалер на Реал Мадрид, иако не е во плановите на Зинедин Зидан.

Наполи се појавија како најреална опција за Хамес, и по мечот Колумбија-Парагвај, кој Колумбија го доби со 1:0, тој беше запрашан каде ќе игра во 2019/20.

„Навистина не знам каде ќе играм следната сезона. Во моментов размислувам само за Копа Америка и останувам смирен. Дали ќе одам во Наполи зависи од двата клуба. Има луѓе кои работат на тоа, но јас не можам самиот да направам ништо. Зидан не зборуваше со мене“, вели Родригез.

27-годишниот Родригез потоа се пошегува дека мора да почне да учи италијански јазик бидејќи „многу лошо го разбирам“.

Scroll to Top