Top Sport

„Јовиќ не делуваше како играч од 60 милиони евра

Шпанските медиуми ги критикуваа играчите на Реал Мадрид, по поразот од Баерн (1-3) во Хјустон. Европските великани во подготвителниот период одиграа натпревар во рамките на Меѓународниот Куп на шампионите.

Најмногу критики „Марка“ и „АС“, медиуми што се врзани за Реал Мадрид, упатија кон Лука Јовиќ. Спрпскиот репрезентативец летово во трансфер вреден 60 милиони евра пристигна во Реал од Ајнтрахт Франкфурт.

Јовиќ против Баерн го одигра второто полувреме.

„Беше сенка. Отсечен од соиграчите, не ја допре топката. Не изгледаше како напаѓач за кого Реал издвои голема сума на пари“, пишува „Марка“.

Жесток во критиките бил и новинарот на „АС“.

„Разочарувачко деби. Срдечно се поздрави со Нико Ковач кога влегуваше во игра и тоа можеби беше неговиот најдобар потег на натпреварот“.

Scroll to Top