Top Sport

Јовиќ се извини за дебаклот на Србија на ЕП

Новиот фудбалер на Реал Мадрид, Лука Јовиќ се извини на српската јавност откако младинската репрезентација на Србија доживеа фијаско на Европското првенство до 21 година во Италија.

Младите „орли“ се враќаат од Трст без освоен поен со три порази (од Германија, Австрија и Данска) и со гол-разлика од 1:10, навлекувајќи го бесот на јавноста, и Јовиќ реши да реагира.

„Не го остваривме резултатот кој го очекувавме сите. Го дадовме нашиот максимум, некои можат да кажат дека тоа не е така, но ние знаеме најдобри. Многу работи не ни се погодија, многу фудбалери не играа многу оваа сезона. Се извинувам на луѓето кои очекуваа повеќе од нас“, изјави Јовиќ.

Scroll to Top