Top Sport

Јунајтед бараат 85 милиони евра за Лукаку, Интер нема шанси да даде толку

Иако шпекулациите од Австралија велат дека Ромелу Лукаку одбива да тренира во обид да ги натера Манчестер јунајтед да го продадат на Интер, првиот официјален контакт меѓу двата клуба донесе одредување на цена за белгискиот напаѓач, која Интер тешко дека ќе може да ја исплати.

Според „Скај спорт Италија“, на денешниот состанок на директорите на Интер со луѓето од Манчестер јунајтед се формализирал интересот за Лукаку и можноста за трансфер, но Јунајтед поставиле цена од 85 милиони евра, која „нераѕурите“ сигурно нема да ја исплатат.

Со оваа цена се потврдува изјавата на менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер дека клубот воопшто не мора да продава играчи. Се очекува да има нов состанок за неколку дена, на кој првите луѓе на Интер ќе се обидат да добијат или снижување на цената или пакет со други играчи, како Мауро Икарди, и покрај инсистирањето на „ѓаволите“ дека сакаат само кеш.

Англиските медиуми пак тврдат дека денеска се оддржал состанок помеѓу Лукаку и Солскјер, на кој тренерот му соопштил дека е подготвен да му даде нова шанса следната сезона откако клубот најверојатно нема да троши пари на напаѓачи ова лето.

Лукаку бил лут на Солскјер, откако Норвежанецот во вториот дел од минатата сезона му даваше повеќе шанси на Маркус Рашфорд, а тоа што Англичанецот добил договор со плата од 300.000 фунти неделно уште повеќе му го „кренало притисокот“ на Лукаку.

Scroll to Top