Top Sport

Јунајтед се сигурни дека Де Хеа ќе остане

Челниците на Манчестер Јунајтед биле убедени дека голманот Давид Де Хеа ќе го стави својот потпис на новиот договор кога екипата ќе се врати од турнејата во Австралија и Кина. Шпанскиот голман влезе во последната година од актуелниот договор и доколку не ја продолжи верноста кон клубот, во јануари ќе може да преговара со други клубови.

Кога ќе ја завршат работата околу новиот договор на Де Хеа, пред челниците на „црвените ѓаволи“ ќе останат уште три проблеми, Пол Погба, Ромелу Лукаку и Алексис Санчез.

За Погба наводно има интерес од Реал и Јувентус, но обесштетувањето од 170 милиони евра е непремостлива пречка, Лукаку сака да оди во Интер, а клубот ќе се обиде да се ослободи од Санчез и неговата астрономска плата.

Во преодниот рок во Јунајтед пристигнаа десниот бек Арон Ван-Бисака за 50 милиони фунти и Даниел Џејмс од Свонси за 15 милиони фунти.

Инаку, Де Хеа во 2011 година од Атлетико Мадрид пристигна на „Олд Трафорд“. Неговиот трансфер тогаш изнесуваше 25 милиони евра.

Scroll to Top