Top Sport

Јувентус се мајстори за „слободни“ трансфери – Рабио доби четиригодишен договор

Јувентус и официјално потврдија дека потпишале договор со играчот од средниот ред од Пари Сен-Жермен, Адриен Рабио на слободен трансфер, втор ваков договор кој го склучуваат по доаѓањето на Арон Ремзи од Арсенал.

Иако Јувентус не ги објавија финансиските детали и должината на договорот, се верува дека тој има четиригодишен договор вреден 7 милиони евра по сезона, со бонус од 10 милиони евра за потпишување.

Французинот утре во 11 часот наутро ќе биде официјално презентиран како фудбалер на „бјанконерите“.

23-годишниот Рабио е дел од школата на ПСЖ, за чиј прв тим почна да игра во 2013 година и оттогаш имаше 227 настапи, 25 гола, 20 асистенци и освои шест титули од Лига 1. Меѓутоа, минатата сезона, откако одби да го продолжи договорот со „светците“, тој беше исфрлен од првиот тим во декември и беше приморан да тренира посебно со вториот тим на ПСЖ.

Рабио има и шест настапи за француската репрезентација, иако не е повикан повеќе од една година, откако одби да биде на листата за чекање за Светското првенство во 2018 година, па селекторот Дидие Дешам реши повеќе да не го повикува.

Scroll to Top