Top Sport

Јужна Африка среде Каиро го елиминира Египет (Видео)

Јужна Африка го приреди најголемото изненадување во досегашниот тек на Африканскиот куп, откако во осмина-финалето среде Каиро пред 60.000 навивачи славеше над домаќинот Египет.

foto/epa

Египет одигра лош меч, под нивните стандарди, иако во првото и второто полувреме по една добра шанса не реализираше Трезеге. Јужноафриканците кои делуваа тактички моќно на теренот, го шокираа Каиро во 85 минута, кога играчот на Орландо Пајратс Лоџ успеа да реализира еден контра-напад на своите соиграчи.

Јужна Африка во четврт-финалето ќе игра против Нигерија. Нигеријците претходно со 3:2 го елиминираа актуелниот шампион Камерун.

Scroll to Top