Top Sport

Капело: Ако Јуве го добијат Де Лихт, трката за титулата е завршена

Фабио Капело вели дека трката за титулата во Серија А ќе биде готова пред да започне доколку Јувентус успеат да потпишат договор со холандскиот дефанзивец Матијс де Лихт.

Сите вести зборуваат дека Јувентус се први фаворити во трката за капитенот на Ајакс, иако тој беше поврзуван и со Барселона, Баерн Минхен и Пари Сен-Жермен.

„Ако Јуве го добијат Де Лихт тога е готово. Повторно. И ќе размислуваме за следната сезона. Тој е најдобриот дефанзивец на светот. Со него во игра можеш да браниш со двајца фудбалери, ослободувајќи ги бековите како во Ајакс. Со него, Јуве ќе го добијат џек-потот. Без него, можеби ќе биде малку поблиску. Кога зборувам за другите, мислам дека тоа се само Наполи и Интер. Милан, Рома и Лацио нема да бидат во трката за титулата поради очигледни технички и финансиски проблеми“, вели поранешниот тренер на Милан и Рома за „Кориере дела сера“.

Scroll to Top