Top Sport

Лам:  Бундеслигата е премногу лесна

Поранешниот капитен на Баерн Минхен, Филип Лам вели дека сака да види интересна борба за титулата во германската Бундеслига, бидејќи поради доминацијата на неговиот поранешен клуб се добива лош имиџ за германската елита.

Баерн има шест титули во низа од трофејот на Борусија Дортмунд во 2011/12 и оттогаш најмалата разлика до второпласираниот била 10 поени, а најголемата 25 поени. Лам, кој се пензионираше лани, вели дека ова мора да се смени.

„Важно е да има конкуренција во Бундеслигата. Секако, среќен сум што Баерн победува, но би било добро другите тимови да ги предизвикаат. Во Шпанија, Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид можат да станат шампиони. Во Германија, трката за трофејот завршува во април“, вели Лам во интервју за „Марка“.

Scroll to Top