Top Sport

ЛЕ: Дуделанж е првиот клуб од Луксембург во Лига Европа, Аталанта испадна на пенали! (видео)

Луксембург по долго чекање, првпат во историјата ќе има клуб во натпреварите по групи на еден од европските купови.

Дуделанж стигна до 3:2 победа на гости во Романија кај ЦФР Клуж, што комибнирано со победата од 2:0 во првиот меч, значи дека луксембуршкиот клуб направи вистинско чудо и сега ја чека ждрепката за ЛЕ. Уште поимпресивно, Дуделанж, клубот од градчето со неполни 20 илјади жители водеше со 3:0 пред домашните да го ублажат поразот.

Италијанскиот прволигаш Аталанта пак, не успеа, откако загуби на пенали на гостувањето кај Копенхаген, бидејќи двата меча завршија без голови.

Бугарскиот шампион Лудогорец без проблеми влезе меѓу елитата, откако со 4:0 го „торпедираше“ грузискиот Торпедо Кутаиси.

ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ, 2.НАТПРЕВАР

Копенхаген (Дан) – Аталанта (Ита) 0:0, прв натпревар 0:0, вкупно 0:0, 4:3 на пенали

РБ Лајпциг (Гер) – Зорја (Укр) 3:2, прв натпревар 0:0, вкупно 3:2

Аполон (Кип) – Базел (Шва) 1:0, прв натпревар 2:3, вкупно 3:3, Аполон оди понатаму

ЦФР Клуж (Ром) – Дуделанж (Лук) 2:3, прв натпревар 0:2, вкупно 2:5

Лудогорец (Буг) – Торпедо Кутаиси (Гру) 4:0, прв натпревар 1:0, вкупно 5:0

Макаби Тел Авив (Изр) – Сарпсборг (Нор) 2:1, прв натпревар 1:3, вкупно 3:4

Молде (Нор) – Зенит Санкт Петербург (Рус) 2:1, прв натпревар 1:3, вкупно 3:4

Карабаг (Азе) – Шериф Тираспол (Мол) 3:0, прв натпревар 0:1, вкупно 3:1

Митјиланд (Дан) – Малме (Шве) 0:2, прв натпревар 2:2, вкупно 2:4





Scroll to Top