Top Sport

Лекарските прегледи го делат Фекир од трансфер во Бетис

Набил Фекир кариерата ќе ја продолжи во екипата на Бетис. Ова е изненадувачки трансфер бидејќи минатото лето европските великани се интересираа за него, а во последен момент му пропадна трансферот во Ливерпул.

Капитенот на Олимпик Лион попладнево пристигнал во Севилја за да ги заврши сите формалности околи трансферот.

Трансферот ќе изнесува околу 25 милиони евра, плус дополнителни 10 милиони низ разми бонуси, а исто така Лион ќе добијат 20 отсто од наредниот трансфер на францускиот репрезентативец.
Лион мораа да го продадат капитенот бидејќи неговиот договор истекува по завршувањето на сезоната и ризикуваа тој потоа да замине бесплатно.

Трансферот на Фекир значи дека Џовани Ло Селсо ќе се пресели во Тотенхем.

Scroll to Top