Top Sport

Луда журка со „гас за смеење“ и водка на фудбалерите на Арсенал (Видео)

„Сан“, објави снимка со која ја шокираше јавноста во Англија. На снимката фудбалери на Арсенал, на забава, со многу водка и шампањско, а некои од нив паѓаат во несвест откако вдишуваат азотен оксид, познат и како „гас за смеење“.

На снимката од безбедносните камери се Месут Езил, Сеад Колашинац, Александар Лаказет, Пјер-Емерик Обамејанг, Матео Гендузи, Херик Мхитаријан, Шкодран Мустафи.

Синимката што ја објави „Сан“ е од еден елитен ноќен клуб, а според она што може да се забележи само Мхитаријан и Мустафи не земаат од „гасот за смеење“, додека 19-годишниот Гендузи паѓа во несвест.

Забавата се случила пред почетокот на сезоната, во август, а наводно играчите на Арсенал биле во друштво на 70 жени.

Инаку, „гасот за смеење“ не е забранет во Англија, негова продажба не е дозволена само на малолетници.

Видеото може да го погледнете тука.

Scroll to Top