Top Sport

Лудо херојство на Колашинац, го спаси Озил од грабеж (видео)

Фудбалерот на Арсенал и репрезентативец на БиХ, Сеад Колашинац денеска преплаши двајца напаѓачи кои се обидоа да го ограбат неговиот клупски колега, Месут Озил.

На видео од безбедносни камери се гледа обидот на еден од напаѓачите со кацига на главата да пријде до автомобилот на Озил за да го ограби, но храбрата реакција на Колашинац го затекна, по што фудбалерот се впушти во дуел со вториот ограбувач.

Крадците кои беа на мотор имаа кациги на главите, а во раката на едниот од нив се забележува остар предмет (нејверојатно нож) па затоа цела среќа што Колашинац помина неповреден.

Претпоставката е дека крадците избегале со празни раце, а двајцата фудбалери останале неповредени. Озил за времето на нападот е во автомобилот.
Погледнете:

Scroll to Top