Top Sport

Лука Зидан во Елче

Лука Зидан (20), син на поранешниот тренер на Реал Зинедин Зидан, решил да го напушти клубот. Лука е еден од петмината голмани што во моментов се под договор со Реал, поради што и се решил да замине во друг клуб.

Синот на Зидан кариерата ќе ја продолжи во Втората шпанска лига (Сегунда), во екипата на Елче.

Лука Зидан целата досегашна кариера ја минал во Реал, но за најдобриот тим настапил на само еден меч. Лани во финишот на сезоната дебитираше под палката на својот татко, на натпреварот против Виљареал (2:2).

Реал сека на платниот список има уште четворица голмани, но и тука ситуацијата е кристално чиста. За место во првиот тим ќе се борат Кејлор Навас и Тибо Куртоа, а клубот ќе го напушти младиот Украинец Андриј Лунин или искусниот Кико Касиља.

Scroll to Top