Top Sport

Макс Крузе го засили Фенербахче!

Ветеранот Макс Крузе е нов фудбалер на тимот на Фенербахче, во надеж дека ќе успее да ги реши маките во нападот на истанбулскиот гигант, каде што својот занат го „пече“ и нашиот Елиф Елмас.

Фенер минатата сезона не само што не беше во борбата за титулата (која отиде кај Галатасарај), туку во средината на сезоната имаше реални стравувања дека првпат може да испадне во втора лига. На крајот, Фенер беше на шестото место на табелата.

31-годишниот Германец Крузе во својата кариера играше за Волфсбург, Борусија Менхенгладбах, Фрајбург и Санкт Паули, а минатата сезона играше за Вердер, за кои имаше 36 настапи, 12 гола и 14 асистенции.

Scroll to Top